Третмани за лице
Микродермоабразија

Микродермоабразија е неинвазивен козметички третман кој овозможува длабински пилинг и обновување на кожата. Со помош на специјален апарат ( дијаматски врв или кристали ), нежно се отсранува површинскиот слој на мртви клетки, со што се стимулира регенерација и создавање нова, здрава кожа.
Микродермоабразијата е неинвазивен, професионален третман за длабинска ексфолијација на кожата, кој овозможува отстранување на мртвите клетки од површинскиот слој и стимулирање на природната регенерација на кожата.
Третманот се изведува со специјален апарат кој нежно ја „полира“ кожата со помош на кристали или дијамантски врв, при што истовремено се врши вакуумско чистење. Со тоа се подобрува микроциркулацијата и се поттикнува создавање на нови, здрави клетки.
Микродермоабразијата помага во подобрување на текстурата и тонусот на кожата, намалување на ситни линии, флеки, лузни од акни и проширени пори. Кожата станува посветла, помазна и порамномерна.
По третманот, лицето изгледа освежено, обновено и со видливо подобрен квалитет на кожата. Бидејќи третманот не е агресивен, нема потреба од период на опоравување и може да се врати во секојдневните активности веднаш по изведувањето.
Микродермоабразијата е идеален избор за сите кои сакаат длабинско освежување на кожата и постепено подобрување на нејзиниот изглед и структура.
