Третмани за лице
Мезотерапија

Мезотерапијата е ефикасен, минимално инвазивен козметички третман кој подразбира внесување на активни хранливи состојки директно во средниот слој на кожата, со цел нејзина регенерација, хидратација и подобрување на целокупниот изглед.
Третманот се изведува со микроинјекции или со специјални апарати, преку кои во кожата се внесуваат витамини, минерали, аминокиселини и хијалуронска киселина. Овие активни состојки делуваат токму таму каде што се најпотребни, стимулирајќи ја природната обнова на клетките и подобрување на микроциркулацијата.
Мезотерапијата придонесува за длабинска хидратација, подобрување на еластичноста, намалување на фините линии и знаците на замор, како и освежување на тенот. Кожата добива поздрав, посветол и порамномерен изглед.
По третманот, лицето изгледа ревитализирано, затегнато и со видливо подобрен квалитет. Мезотерапијата е одличен избор за третирање на дехидрирана, уморна и кожа која покажува први знаци на стареење, како и за превенција и одржување на младешкиот изглед.
