Третмани за лице
Мезопорација

Мезопорација е модерен, неинвазивен третман за лице познат како мезотерапија без игра. Со помош на специјални електропорациска технологија, се отвараат микро – канали во кожата преку кои длабоко се внесуваат активни состојки како хијалуронска киселина, витамини и антиоксиданти.
Мезопорацијата е современ, неинвазивен козметички третман кој овозможува длабинско внесување на активни состојки во кожата без употреба на игли. Третманот се базира на технологија која привремено ја зголемува пропустливоста на кожата, овозможувајќи витамини, хијалуронска киселина и други активни супстанции да навлезат во подлабоките слоеви.
Со помош на електропорација или слична напредна технологија, активните состојки се апсорбираат поефикасно, што резултира со интензивна хидратација, подобрување на еластичноста и ревитализација на кожата. Третманот е пријатен, безболен и не предизвикува иритации или период на опоравување.
Мезопорацијата помага во подобрување на текстурата на кожата, намалување на фините линии, уморен изглед и дехидратација, при што кожата добива свеж, сјаен и здрав изглед.
По третманот, лицето изгледа обновено, хидрирано и визуелно подмладено. Овој третман е идеален за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат ефективни резултати без инвазивни процедури.
