Внимание кон секој детаљ. Нега посветена на вас. Вашата адреса, Битола
← Сите третмани

Третмани за лице

RF радиофреквенција за лице

RF радиофреквенција за лице

RF (радиофрекфенција) е модерен, неинвази третман за лице кој користи топлинка енергија за да го стимулира создавањето на колаген и еластин во кожата. Со нежно загревање на подлабоките слоеви, кожата се затегнува, подмладува и добива природен лифтинг ефект.

RF радиофреквенцијата е неинвазивен козметички третман кој користи контролирана топлинска енергија за стимулирање на длабоките слоеви на кожата. Оваа технологија ја поттикнува природната продукција на колаген и еластин, кои се клучни за цврстината, еластичноста и младешкиот изглед на кожата.

За време на третманот, радиофреквентните бранови продираат во подлабоките слоеви на кожата и создаваат контролирано загревање, со што се активира процесот на регенерација и затегнување на ткивото. Постапката е пријатна, безболна и не бара период на опоравување.

RF третманот придонесува за подобрување на овалот на лицето, намалување на опуштена кожа, фините линии и знаците на стареење. Кожата постепено станува поцврста, затегната и поеластична, со подобрен тонус и свеж изглед.

По третманот, лицето изгледа подмладено, освежено и визуелно затегнато. RF е одличен избор за неинвазивен лифтинг и одржување на младешкиот изглед на кожата.