Третмани за тело
Мадеротерапија

Мадеро терапијата е масажна техника со специјални дрвени алатки кој го стимулира лимфниот систем, ја подобрува циркулацијата и помага во обликување на телото.
Madero терапијата е природен, неинвазивен третман за обликување на телото кој се изведува со специјални дрвени алатки. Третманот е дизајниран да ја стимулира лимфната дренажа, да ја подобри циркулацијата и да помогне во намалување на целулитот и вишокот течности во телото.
Со помош на контролирани масажни техники и дрвени ролери, се активира лимфниот систем и се поттикнува разградување на масните наслаги. Овој процес придонесува за подобро детоксикирање на организмот и подобрување на изгледот и текстурата на кожата.
Madero терапијата помага во намалување на целулитот, затегнување на кожата и обликување на телесните контури. Кожата станува поцврста, помазна и визуелно поеднаква, додека телото се чувствува полесно и релаксирано.
По третманот се забележува чувство на леснотија, подобрена циркулација и освежен изглед на кожата. Madero терапијата е одличен избор за сите кои сакаат природен начин на обликување на телото и подобрување на тонусот на кожата.
