Третмани за тело
Антицелулитен третман

Антицелулитниот третнам е специјализирана терапија наменете за подобрување на изгледот на кожата погодена од целулит. Со техника на масажа и стимулација на циркулацијата, се поттикнува природниот процес на детоксикација и лимфна дренажа.
Антицелулитната масажа е професионален третман на тело кој е насочен кон намалување на целулитот, подобрување на циркулацијата и стимулирање на лимфниот систем. Третманот помага во разградување на масните наслаги и подобрување на изгледот и текстурата на кожата.
Со примена на специјални техники на длабока и активна масажа, се поттикнува микроциркулацијата и лимфната дренажа, со што се овозможува елиминација на токсини и вишок течности од организмот. Овој процес придонесува за поцврста и порамна кожа.
Антицелулитната масажа е ефикасна во намалување на „помаранџеста кора“, подобрување на тонусот на кожата и обликување на телесните контури. Кожата станува помазна, поеластична и визуелно поизедначена.
По третманот се чувствува подобрена циркулација, леснотија во телото и освежен изглед на кожата. За оптимални резултати, се препорачува редовно повторување на третманот во комбинација со здрава исхрана и физичка активност.
