Третмани за тело
RF радиофреквенција за тело

RF е неинвазивен третман кој користи контолирана топлинска енергија за да ја стимулира кожата и природното создавање на колаген. Со загревање на подлабоките слоеви, се подобрува цврстината, елластичноста и изгледот на кожата.
RF радиофреквенцијата е неинвазивен естетски третман за тело кој користи топлинска енергија за затегнување на кожата, подобрување на нејзината еластичност и стимулирање на продукцијата на колаген и еластин.
Со контролирано загревање на подлабоките слоеви на кожата, се активира природниот процес на регенерација, кој придонесува за поцврста, затегната и порамномерна кожа. Третманот е пријатен, безболен и не бара период на опоравување.
RF третманот е особено ефикасен во намалување на опуштена кожа, подобрување на целулитот и обликување на телесните контури. Кожата станува поцврста, помазна и визуелно подмладена.
По третманот се забележува подобрен тонус и еластичност на кожата, како и чувство на затегнатост и освежен изглед. RF е одличен избор како самостоен третман или во комбинација со други body contouring процедури за подобри резултати.
