Полутрајна шминка
Powder Brows

Полутрајната шминка на веѓи е техника со која се дефинира, коригира и визуелно се збогатува формата и бојата на веѓите, со цел да се постигне природен и хармоничен изглед на лицето. Пред секој третман, формата на веѓите се креира индивидуално според симетријата и пропорциите на лицето, природната форма на веѓите, распоредот на влакненцата и желбата на клиентката. Не постои една форма која одговара на сите – секои веѓи се прилагодуваат на конкретното лице. Во зависност од природните веѓи, типот на кожа и посакуваниот резултат, се избира најсоодветната техника.
Powder Brows е техника со која се создава мек, сенкаст ефект, сличен на изгледот на веѓи нежно пополнети со молив или сенка. Пигментот се нанесува постепено, од посветол и помек почеток кон поизразена опашка, создавајќи уреден, дефиниран и елегантен изглед. Техниката е одличен избор за клиентки кои сакаат поизразена форма и ефект на убаво средени веѓи, но без тврди и остри линии.
Која техника е за вас? Изборот помеѓу Phibrows и Powder Brows не се прави само според желбата, туку и според природните веѓи, типот и состојбата на кожата, количината на влакненца и посакуваниот финален ефект. Phibrows дава ефект на природни влакненца и е посуптилна техника, додека Powder Brows создава помек ефект на сенка и визуелно пополнета веѓа. Во одредени случаи, техниките може да се комбинираат за да се постигне најдобар резултат. Нашата цел не е да создадеме идентични веѓи кај секоја клиентка, туку да ја истакнеме природната убавина на лицето, да ја подобриме формата и да создадеме веѓи кои изгледаат хармонично, уредно и природно. Формата, техниката, нијансата и интензитетот се одредуваат индивидуално, во консултација со клиентката и според нејзините природни карактеристики и желби.
