Внимание кон секој детаљ. Нега посветена на вас. Вашата адреса, Битола
← Сите третмани

Полутрајна шминка

Aquarelle Lips

Aquarelle Lips

Aquarelle lips е нежна техника на полутрајна шминка која на усните им дава природна, свежа и суптилно нагласена боја. Техниката е идеална за оние кои сакаат ефект на благо обоени усни, сличен на изгледот што го остава лабело, без силна и интензивна боја. Пигментот се внесува нежно и постепено, со што се постигнува мек и природен резултат.

Со Aquarelle lips се:

* нагласува природната боја на усните;

* визуелно се освежува и дефинира нивниот изглед;

* се изедначува нерамномерниот тон на усните;

* се добива впечаток на посочни и негувани усни;

* се создава природен „make-up“ ефект без потреба од секојдневно нанесување лабело. Резултатот не е класична силна тетоважа на усните, туку нежна пигментација со проѕирен и природен финиш. Интензитетот и нијансата се прилагодуваат според природната боја на усните и посакуваниот ефект. За кого е наменета? За жени кои сакаат усните да изгледаат поуредно, посвежо и попигментирано, но без впечаток дека носат силен кармин. Боја и интензитетот се индивидуално прилагодени за секоја клиентка.