Полутрајна шминка
Classic Eyeliner

Classic Eyeliner – полутрајна шминка на очите Classic Eyeliner е техника на полутрајна шминка при која пигментот се внесува долж линијата на трепките, создавајќи нежна и прецизна линија која природно го нагласува погледот. Целта на техниката е да се постигне елегантен и ненападен изглед, без впечаток на силно нашминкани очи. Линијата е дискретна, но доволно изразена за да ги нагласи очите и визуелно да создаде погусти и поизразени трепки. Со Classic Eyeliner се:
* нагласува природната форма на очите;
* визуелно се згуснува линијата на трепките;
* се постигнува поизразен и подефиниран поглед;
* се добива уреден изглед без секојдневно нанесување eyeliner;
* се создава ефект кој изгледа убаво и со целосна шминка, но и во природен изглед без шминка.
Classic Eyeliner е одличен избор за оние кои сакаат суптилно нагласени очи и секогаш уреден изглед, без потреба од секојдневно исцртување на линијата. Резултатот е нежен, елегантен и природен, со линија која ја следи природната линија на трепките и го истакнува погледот без да го оптоварува. Интензитетот и формата на линијата се прилагодуваат индивидуално, во зависност од формата на очите и посакуваниот резултат.
