Педикир
Медицински педикир

Медицински педикир е спезијализиран третман кој се фокусира на решавање на проблеми со стапалата, како здебелена кожа, пукнатини, враснати нокти и други неправилности.
Медицинскиот педикир е специјализиран третман наменет за стапала и нокти кои имаат потреба од поспецифична и внимателна професионална обработка. Се применува кај проблеми како враснати нокти, задебелени нокти, калуси, курје очи, пукнатини и насобрана или задебелена кожа, со индивидуален пристап според состојбата на стапалата. Целта е не само естетски уреден изглед, туку и правилна и безбедна обработка на проблематичните делови, со особено внимание на хигиената и комфорот на клиентот. И медицинскиот педикир може да биде завршен со траен лак, доколку состојбата на ноктите и кожата го дозволува тоа.
